Ѕвездата на „Династија“ повторно во болница – плати кауција од 20.000 долари па се предозираше


Американската актерка Хедер Локлир (56) се обиде да се самоубие, откако се предозираше со лекови.

Таа повторно беше уапсена откако ги нападна полицијата и болничарите, кои во нејзината куќа дошле на повика на нејзиното семејство. Актерката била пијана, па е однесена во затвор.

Против неа е поднесено обвинение, но е пуштена да се брани од слобода откако платила кауција од 20.000 долари.

Локлир, кога се вратила дома се предозирала со лекови. Членовиите на семејството веднаш повикале итна помош, и таа е префрлена во болница.

Нејзината состојба сега е стабилна и прима терапија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1