Пол Вокер – најдобро познат по неговата улога во “Брзи и бесни” филмовите – почина во саботата попладне во сообраќајна несреќа во Јужна Калифорнија.
Несреќата се случила во Санта Кларита- северно од Лос Анџелес – и според повеќе извори актерот бил во Порше кога возачот некако ја загубил контролата и удрил во дрво … а потоа автомобилот се запалил.
Според извори на ТМЗ починале актерот и возачот.
Пол имаше 40 години. Според информациите тој присуствувал на добротворна забава. Сообраќајката се случила откако си заминал од настанот.