Звездна е новата Баба Ванѓа од Бугарија – при пороѓај паднала во кома и оттогаш има визии


Жоржета Георгиева или Звездна е познат бугарски јасновидец и е многу интересна личност. Таа е  образован психолог, а потоа и парапсихолог. Завршила психоанализа на Меѓународниот славјански институт во Москва. Магистер е по социјална и трудова психологија, меѓународно трговско право, сметководство и контрола. По завршени два факултети, што ќе рече „од земните науки“ и се јавила дарбата за јасновидство. Поради тоа се запишала на Клиничка психологија во Русија, а сега е магистер на Универзетот во Калифорнија по парапсихологија.

jasnovidkaИнтересно е што била јасновидец на многу бугарски политичари, услуга која ја користат европските политичари, но и американскиот претседател Барак Обама, како и на голем број на актери,пејачи, спортисти и јавни личности во Бугарија. Нејзини услуги користеле луѓе од целиот свет.Предвидела голем број важни настани на бугарската и светската политичка сцена меѓу кои враќањето на царот Симеон Саксобурготски уште во 1995 година.

Го предвиде и падот на Бојко Борисов како и востановувањето на новата влада на Орешарски. Со прецизност го предвиде и крајот на владеењето на Елцин и почетокот на ерата на владеењето на Путин. Таа беше советник во Владата на Станишев, односно во кабинетот на Министерот за труд и социјална политика.

Повеќе од 23 години е продуцент и водител на предавањата за излекувањето на духот, автор на бројни публикации и статии за весниции. Единствена бугарска јасновитка за која интерес пројавиле специјалисти од институтот „Едгар Кеиси“ како и Центарот за психологија „Монро“ во САД. Како дипломиран психотерапевт прави терапии за стрес, депресија, зависности од алкохол, наркотици, коцка.

Кога и како сфативте дека имате дарба да ги предвидувате работите?

zvezdna-150x150Звездна: При пораѓај, паднав во кома една недела.Тогаш, во таа состојба ми се појави светлина од тунел која ме врати. Гласови ми рекоа дека не сум ја завршила работата на земјата и дека е рано да си заминам од овој свет.

Оттогаш ми се појави онаа можност да ја гледам енергијата, чакрите. Потоа од искуството со луѓето сфатив дека им се потребни и психолошки консултации и затоа „земните тврди“ професии како сметководство, контрола, и меѓународно трговско право ги оставив и ги заменив со социјална и трудова психологија, па клиничка психологија.Мојата состојба ја опишувам како дарба плус наука.

Актуелниот претседател Барак Обама во својот советнички тим има парапсихолог, односно јасновидец.Освен за бугарските политичари и бизнисмени сум работела и со луѓе од САД, Канада, Грција, Италија, Шпанија. А еве сега сум и во Македонија, да им се најдам и на македонските политичари и бизнисмени.

Целото интервју на emagazin.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1