Босанските медиуми известуваа дека граѓаните се шокирани по терористичкиот напад во Зворник. Владее прашањето што ќе се случува сега и дали ќе се нормализира состојбата која ја наруши терористичкиот чин.
Очевидец раскажува како потрчал кон полицијата истрелите.
-Бев тргнал кон градот кога ги слушнав истрелите. Се вратив пред полициската станица и видов мртов човек. Раскрвавени, ранети полицајци трчаа. Јас се изгубив, не знаев што се случува. Во голем шок сум. Како изутрина да го пуштам детето во училиште?- пренесуваат босанските медиуми.
Медиумите пишуваат и за напаѓачот, Нердин Ибриќ, кој и самиот настрада во престрелката.
За него велат дека бил роден во 1991 година во близина на Зворник. Го губи таткото во виорот на војната во БиХ, а заедно со неговата мајка се меѓу првите кои се вратиле во Зворник, Републиак Српска.