Зворник во страв, напаѓачот го загубил таткото во војната


Босанските медиуми известуваа дека граѓаните се шокирани по терористичкиот напад во Зворник. Владее прашањето што ќе се случува сега и дали ќе се нормализира состојбата која ја наруши терористичкиот чин.

Очевидец раскажува како потрчал кон полицијата истрелите.zvornik 33

-Бев тргнал кон градот кога ги слушнав истрелите. Се вратив пред полициската станица и видов мртов човек. Раскрвавени, ранети полицајци трчаа. Јас се изгубив, не знаев што се случува. Во голем шок сум. Како изутрина да го пуштам детето во училиште?- пренесуваат босанските медиуми.

Медиумите пишуваат и за напаѓачот, Нердин Ибриќ, кој и самиот настрада во престрелката.

За него велат дека бил роден во 1991 година во близина на Зворник. Го губи таткото во виорот на војната во БиХ, а заедно со неговата мајка се меѓу првите кои се вратиле во Зворник, Републиак Српска.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1