Звук вреден милион долари – Новогодишен концерт на Виенската филхармонија


„Виенскиот звук“ бил предмет на академски истражувања, академски експерименти и дебати. Никој не може точно да дефинира на што се должи препознатливиот звук на овој оркестар, најчесто го дефинираат како кадифен, топол и богат, но многу од слушателите велат дека кога ќе го чујат веднаш знаат за кој оркестар станува збор. За специфичниот звук Виенската филхармонија ја доби и наградата „Биргит Нилсон“ од милион долари, најзначајната во класичната музикаvienska filharmonija koncert

Овој оркестар е најпрепознатлив во изведбата на валцерите, кои секоја година на први јануари ги слушаат милиони поклоници на класиката низ целиот свет.

Зубин Мехта, еден од најдобрите светски диригенти, петти пат  го води Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија на први јануари. Мехта ги водеше и концертите во 1990, 1995, 1998 и 2005 година. Од 1961 година тој е прогласен и за почесен член на Виенската филхармонија.
На концертот, покрај традиционалната изведба на дела од семејството Штраус, ќе прозвучат и дела од Франц фон Супе и Ханс Кристијан Лумби.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1