11 годишно девојче од Скопје приморувале на брак, ја натерале и на сексуални односи


Вчера во 12.15 часот во ПС ОН Чаир, социјален работник од Јавна установа за загрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје, заедно со единаесетгодишна штитеничка во установата, а која претходно била пријавена за исчезната, пријавиле дека на 29 декември околу 12.30 часот со автобус стигнала во населба Бутел 1 и на автобуска постојка се сретнала со друга штитеничка на установата.

После тоа заедно отишле во населба Шуто Оризари, кај бабата на втората штитеничка.siluvano-devojka-1

Бабата и рекла дека ќе и биде снаа и дека нема да си оди, по што ја влечела за коса. Веднаш потоа дошол нејзиниот внук со кој ја внеле во друга соба, ја заклучиле вратата и истиот се обидел да има сексуални односи со неа. Девојчето прво се спротивставувало, а потоа се согласило и имале сексуални односи.

Бабата на втората штитеничка не и дозволила да излезе од куќата и да си замине.

Следниот ден единаесетгодишното девојче успело да побегне и за настанот кажала на нејзиниот чичко.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1