Бугарија ги менува правилата за 53.000 Македонци кои чекаат бугарски пасош


Бугарската влада официјално ја објави бројката на апликации од македонски државјани кои чекаат да добијат бугарско државјанство, а со тоа и пасош од земја членка на Европската Унија.

Според вицепремиерот Валери Симеонов, 53 илјади Македонци во моментов чекаат бугарско државјанство.

,.Големиот проблем за бугарското граѓанство што треба да го признаеме, и да го знаете и вие е дека имаме 53.000 барања, со релевантни приложени документи на 53.000 државјани на Македонија, кои не можат да станат бугарски државјани поради одредени несовршенства во законодавната база‘‘, изјави Симеонов.

Вицепремиерот, кој шокантната бројка ја објави за време на тркалезна маса на тема “Демографски политика и трудова мобилност”, вели дека токму поради напливот на барања од Македонија е одлучено да се овозможи брза патека за издавање на државјанства, со која драстично ќе се намали чекањето во постапката која сега трае две, три па и повеќе години.

“Нашата цел е да го скратиме рокот за добивање бугарско државјанство за целосно исправни документи на 6 месеци. Тоа е нормален период, во кој од овие 6 месеци – 4 месеци и 17 дена ќе бидат процедурите што се вршат во рамките на извршната власт, Агенцијата за Бугарите во странство, Министерството за правда, Советот за државјанство и Министерот за правда, и останатото време ќе биде, за да може потпретседателот да го потпише соодветниот указ на лицето што треба да добие бугарско државјанство”

Во напорите за изменување на процедурата освен владата е ангажирана и потпретседателката Илијана Јотова, а според ангажманот и на владеачките партии Симеонов очекува измените со кои ќе се олесни режимот за добивање бугарско државјанство да се случат брзо.

Sitel.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1