Дете велосипедист повредено кај „Мајчин дом“


Во близина на „Мајчин дом“ патничко возило „Нисан микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ж.(50) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 12-годишно момче од Скопје.

Од ударот детето се здобило со повреди и со возилото на возачот било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1