Девојката на главниот уредник на „Шарли ебдо“ не се појави на погреб – еве зошто


Жанет Бограб, девојката на трагично загинатиот уредник на „Шарли ебдо” по прекар викан Шарб, не присуствуваше на неговиот погреб.

Неа и било наредено да стои подалеку од неговиот погреб.

devojka karikaturistСкршена од болка, адвокатката Жанет Бограб бргу стана лик на жалоста во Парис откако канцелариите на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо” беа нападнати од исламистичките екстремисти минатата недела, пишува Индипендент.

Низ солзи, девојката на починатиот уредник Стефан „Шарб” Шарбоние, даде низа интервјуа за телевизиите на местото на злосторството што ги одзема животите на 10 новинари и двајца полицајци.

– Мојот партнер е мртов затоа што пишуваше за весник, изјави таа. – Тој немаше деца затоа што знаеше дека ќе умре. Живееше без страв, но знаеше дека ќе умре.

Но по оваа изјава, таа соопшти дека нема да присуствува на погребот на нејзиниот животен партнер откако неговото семејство негираше дека тие двајцата некогаш биле во врска и и нареди да стои настрана од церемонијата.

Братот на Шарб во име на семејството во саботата го издаде ова соопштение: „Ние официјално негираме секаква рационална врска помеѓу Шарб и Жанет Бограб. Ние не сакаме понатаму таа да се претставува онака како што се претстави. Бараме да се испочитува тагувањето на нашето семејство.”

-Утрото јас бев заедно со неговите родители во Институтот за форензика за да го видам телото на мојот партнер, одговори Бограб на оваа изјава. – Но сега се согласувам да се тргнам настрана и нема да одам на неговиот погреб. Немам сили да се борам за тоа. Ранета сум и поразена. Но, тие не можат да ми ја одземат борбата за секуларизам.

Таа додава дека семејството на Шарб ја лишило од „последниот поздрав со нејзиниот сакан”.

-Со тоа што го сторија, го убија по вторпат, вели Жанет. – Човечката природа е грда. Ние двајцата се сакавме токму затоа што бевме независни личности, вели оваа самохрана мајка на едно посвоено дете.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1