Доаѓа дожд и ветер – крај на убавото ноемвриско време


За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со умерен до повремено засилен југозападен ветер и со повремени врнежи од дожд.ulica dozd 3 mk

Оваа недела максималната температура ќе биде во границите од 17°С до 19°С низ котлините, односно околу 22°С во поширокото подрачје околу Гевгелија и Дојран во првите три дена од неделата.

Среда – Сончево со мала облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на слаба магла.

Четврток – Сончево со мала облачност и со слаб претежно југозападен ветер. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на слаба магла.

Петок – Сончечево со мала облачност и со слаб претежно северозападен ветер.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со умерен до повремено засилен југозападен ветер и со повремени врнежи од дожд.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1