Дожд, снег и студ – неделна прогноза


Во Македонија во утринските часови ке има појава на магла по котлините и долините на реките, а во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди.

Попладне потполно наоблачување кое ке донесе локални врнежи од дожд во западните и северозападните предели. Ке дува засилен југоисточен, а во западните предели засилен југозападен ветар. Утринските температури од 1°C до 12°C, а максималните дневни ке се движат од 14°C до 22°C.

Во Скопје во понеделник во утринските часови ке има појава на магла, а во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот нестабилно со можност за локален дожд. Ке дува засилен југоисточен ветар. Утринската температура од 7°C, а максималната дневна ке достигне до 19°C.

Во вторник ке биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ке дува слаб ветар со променлив правец, а во западните предели ке дува засилен југозападен и западен ветар. Утринските температури ке се движат од 3°C до 14°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 13°C односно до 21°C.

Во среда ке биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и пад на температурите. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. На ридско-планинските предели и на планините кои се над 1000 метри надморска височина во доцните попладневни часови и во текот на ноќта ке има врнежи од снег. Утринските температури од -1°C до 10°C, а максималните дневни температури ке се движат од 10°C до 18°C.

Во четврток во утринските часови врнежите ке престануваат, а во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност и студено. Ке дува засилен северен и северозападен, а во западните предели североисточен ветар. Утринските температури од -4°C до 7°C, а максималните дневни ке достигнат до 7°C односно до 15°C.

Во Македонија во петок ке биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ке дува засилен југоисточен, а во западните предели засилен југозападен ветар. Утринските температури ке се движат од -4°C до 7°C, а максималните дневни од 9°C до 17°C.

Во сабота ке биде претежно сончево со локална облачност, попладне наоблачување. Ке дува слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 0°C до 11°C, а максималните дневни ке се движат од 11°C до 19°C.

Во Македонија во недела ке биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 4°C до 13°C, а максималните дневни ке достигна до 9°C односно до 17°C.

weather4all

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1