Еди Рама е тешко болен?


Албанскиот премиер Еди Рама ќе биде примен во специјализирана шведска клиника поради проблеми со белите дробови, јавува весникот „Опозита“.

– Ненадејното заминување за Шведска очигледно е поради неговото нарушено здравје во последните денови. Нема никакво официјално соопштение, такво не е објавено и на сајтот на владата, пишува електронското издание на весникот “Опозита”, повикувајќи се на доверливи извори.rama

Останатите медиуми кои ја објавена веста, нагласуваат дека ненадејното заминување на Рама во Шведска предизикало многу сомнежи во врска со неговото здравје.

– При неговите последни средби, особено при посетата во Белград и средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ, Рама изгледаше уморно, со забрзано дишење кое беше очигледно. Неговите ПР експерти велат дека ова се должи на емоциите. Така тие најверојатно сакаат да ја скријат лошата здравствена состојба, пишуваат медиумите.

На ручек некои од медиумите објавија порака на Рама во неговиот профил на Фејсбук, во кое тој кусо напишал: “Сега сум во Шведска на средба со шведските амбасадори во регионот и во некои други земји во врска со новата динамика на нашата надворешна политика”.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1