ЕКСКЛУЗИВНО – Соња Тарчуловска за Вест раскажа како паднала од терасата


Ексклузивно за ВЕСТ, Соња Тарчуловска, во болница, ги раскажа сите детали за падот од терасата на нејзиниот стан во Скопје.

01.qxdЕкипа на ВЕСТ, заедно со нејзиното најблиско семејство, ја посети Соња во болница каде се опоравува од тешките повреди… Според информациите Соња им раскажала дека ноќта ја раскитувала терасата која била украсена за време на свадбата – изгубила рамнотежа обидувајќи се да ги симне украсите и паднала.

– Се качив на столче да раскитувам и по некое време ја слушнав Мелани како вика по мене и ми го носи телефонот, зашто ме барала сестра ми. Како што се свртев да го земам телефонот, така ми се лизна ногата и одлетав, вели Соња за Вест.

Денеска Јохан изјави дека е многу загрижен и дека 2 ноќи бдеел над неа во болница

-Мојата сопруга е добро, ја посетивме со децата. Две ноќи бдеев во болница, не излегов воопшто од болница, само на кратко се вратив дома и дали отспав само еден час. Се работи за несреќен случај.

Со децата предмалку бевме повторно во болница да ја посетиме. Сите детали за несреќата ќе ги соопштам утре, изјави Тарчуловски за НОВА.

По падот од балконот на станот во Кисела Вода, таа се здобила со скршени ребра, повреда на кичмата во долниот дел и скршеници на едното рамо. Taa вчера беше оперирана и е во стабилна здравствена состојба. Лекарските тимови од синоќа работат на нејзино опоравување.

МВР соопшти дека падот од балконот бил „несреќен случај“ и затоа нема да се води никава истрага.

Целиот текст со сведоштвото на Соња за несреќата ќе биде објавен во понеделничкото печатено и електронско издание на весникот Вест.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1