ЕУ ја одобри првата генетска терапија


Европската агенција за лекови (ЕМА) препорачала генетска терапија, прва одобрена од ЕУ, соопштуваат денеска од агенцијата.

Како што се наведува во соопштението, терапијата Glybera, која ја разви холандската компанија „Unikvaer“, треба да биде одобрена во Европа за лечење на многу ретка болест, неможност на органисмот да ги обработува мастите.

Терапијата подразбира на пациентот да му се внеси ген кој го создава протеинот што ги топи мастите. Недостатокот на ензимот липопротеинска липаза е појава која се манифестира кај едео или две лица на милион луѓе.

Генетската терапија е експериментална техника со која се прават напори да се излечи болеста со замена на генот кој не функционира. Оваа терапија до сега не е одобрена во САД, а Кина е првата земја која го одобрила овој вид за лечење на рак во 2003 година.

„ЕМА“ претходно неколку пати одбивала да ја одобри терапијата Глибера, но сепак успеала да ја премисли Европската комисија.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1