Европскиот суд пресуди Љубљанска банка мора да ги врати девизните заштеди


Европскиот суд за човечки права пресуди дека Република Словенија е одговорна за враќање на старите девизни заштеди на штедачите од подружниците на Љубљанска банка надвор од Словенија.

Пресудата е по тужба на неколку граѓани од Босна и Херцеговина. Предметот е заведен како тужба на Алишиќ, Санџак и Шахдановиќ против БиХ, Хрватска, Србија, Словенија и Македонија.

Овие земји де должни во рок од шест месеци од правосилноста на пресудата да им овозможат на сите штедачи да им ги исплатат старите девизни заштеди под исти услови како што им е тоа овозможено на оние кои имале девизни заштеди во словенечките подружници на банката.

На овој ЛИНК е комплетната пресуда

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1