По порачка од ВМРО- Народна партија, во центарот на Скопје утринава осамнаа билборди со кои партијата на Љубчо Георгиевски повторно провоцира етничка нетрпеливост во земјава.
Со текстот “Стоп за српската асимилација на македонската нација”, партијата на Љубчо повторно ги провоцира Србите во Македонија за сметка на сите останати етнички групи.