ФОТО: Се испумпува водата под Стоковната куќа „Мост“


Надлежните екипи на терен работат на испумпување на водата која го поплави булеварот под Стоковната куќа „Мост“, каде речиси под вода останаа заглавени два автомобили, јавува Курир.

voda-most500Обилните врнежи од дожд и град кои доцна попладнево го зафатија Скопје ги поплавија подвозниците во градот. На некои од нив нивото на водата достигна 2,5 метри.

По невремето свикан беше итен состанок на оперативното тело на Владата и Град Скопје за координација и справување со поплавите.

Екипи на сите градски претпријатија се на терен каде се санираат последиците од невремето.

Граѓаните непогоди предизвикани од поплавите во Скопје може да пријавуваат на следните телефонски броеви: 02 3073010, 02 3297295, 02 3297204.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1