Фото: Што потпиша македонската влада со Катар – под кои услови ќе може да работите таму


Makedonija-Katar

Веста дека македонската влада потпишала договор со владата во Катар за да можат македонските жени да одат да работат како слугинки во оваа држава од Блискиот Исток одекна на блоговите. Договорот се уште не е јавно објавен, а за неговото постоење известија умешните блогери кои успеаја да ја најдат оваа вест на веб страницата на катастарското министерство за надворешни работи, пишува Нова тв.

Во договорот стои дека македонските работници ќе потпишуваат договор пред да заминат, а трошоците за пат и враќање ги сниси Катар освен ако сам не дадете отказ. Спорно е што се вели дека релевантен договор е оној на арапски иако се прави и на англиски јазик, и дека надлежен суд е судот во Катар доколку се прекрши договорот за работа.

Влегува во очи и делот дека вработувањата ќе се по законите на Катар кои во моментов ги штитат работодавачите а не работниците како и дека за да ја префрлите заштедата во Македонија моѓете само според законите на Катар – значи ако оваа земја има ограничување за префрлување пари ќе мора да го почитувате.

Нова тв дојде до договорот и стапила во контакт со Движењето за социјална правда ЛЕНКА, од каде направиле анализа на договорот и ги донеле следниве заклучоци:

Dogovor Makedonija Katar.71

1. ЗА ТЕКСТОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДОГОВОР
а) Нашето МТСП е ставено во пасивна улога vis-a-vis Катарското – бидејќи неговата улога се сведува само на обезбедување информации, а не и на активна заштита на работничките права во случај на прекршување на договореното.
б) Пречесто е повикувањето на трудовото право на Катар и на нивните „локални обичаи“ – кои за нашите граѓани се тотална непознаница.:
2. ЗА ТЕКСТОТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (во Анексот) симпроматични се:
а) чл.2, ст.Б => воведува „нераскинливост“ на договорот со запретување од казна т.е. плаќање на сите „долгови“ на работникот кон работодавачот!?
Тоа очигледно е еден вид на „присилна работа“, само дадена во еуфемизам и завиткана во правен целофан.
б) чл.5, ст. А => воведува шестдневна работна недела (а не пет – како кај нас т.е. има само еден ден платен одмор неделно)
в) чл.9, ст. А => работникот плаќа „казнени пенали“ за незавршената работа!? Не е јасно дали работодавачот сам ќе му ја одредува висината!?
ст. Б => забранува „втора работа“ кај друг работодавач т.е. воведува т.н. „конкурентска клаузула“ што би значело дека ако работникот најде подобра работа, ќе не може да се префрли.
ст. В => забранува политичка активност (не е јасно дали и синдикалното членство се подведува под ова)
и забранува религиозна слобода (т.е. го приморува нашиот работник да ги почитува „локалните [читај исламски] обичаи“ и традиции.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1