Гори најстарата зоолошка градина на светот: 70 пожарникари се борат со пожарот (Видео)


На 70 пожарникари се одидуваа да го изгаснат пожарот кој изби денеска во Зоолошката градина во Лондон, а засега нема информации дали некое животно е повредено.

Пожарот избил во кафулето и продавница во Зоолошката градина, соопшти пожарната служба.

Во нивниото соопштение се додава дека пожарот сега е под контрола, но пожарните служби ќе останат на самото место.

Во ЗОО градината која се наоѓа во Риџентс паркот во центарот на градот се упатени 10 противпожарни возила.

Лондонскиот ЗОО е најстар на светот и датира од 1826, во него има сместено 20.166 животни

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1