Грчко МНР ја поздрави одлуката на Владата за преименување на автопатот и аеродромот


Се надеваме дека ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, велат од грчкото Министерство за надворешни работи во соопштението во кое ја поздравуваат одлуката на македонската Влада да ги преименува автопатот и аеродромот.

– Ја поздравуваме денешната одлука на Владата на поранешната југословенска Република Македонија да го преименува аеродромот во Скопје во „Меѓународен аеродром Скопје“, како и автопатот што го поврзува Скопје со грчката граница во „Автопат Пријателство“. Денешната одлука е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, соопштуваат од грчкото МНР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1