Груевски: Се повеќе се чувствувам како во Процесот Кафка – Судските процеси на СЈО се театар на апсурдот


Со секое доаѓање во судот, еве сега од осум во шест дена треба да бидам на рочишта во разни предмети, се чувствувам како во едно од врвните дела посветени на апсурдниот „Процес“ од Кафка, изјави Никола Груевски по излегувањето од судот каде денес требаше да се одржи главната расправа за предметот „Насилство во Општина Центар”, но беше одложена поради болест на еден од обвинетите. Тој рече дека денешното барање на обвинителите од СЈО да му се изрече притвор на обвинетиот кој според нив само сака да го одолговлекува процесот, укажува на забеганоста на СЈО.И покрај лекарската потврда, Специјалното обвинителстово веднаш побара на обвинетитот да му се определи мерка притвор за да се обезбеди неговото присуство на следните рочишта. Судот го одби барањето на обвинителката Фатиме Фетаи како неосновано, но Груевски оцени дека предметите на СЈО се театар на апсурдот.

Груевски го коментираше и вчерашното рочиште за предметот Тенк кое траеше повеќе од 8 часа, што е невообичаено долго дури и за судски процеси со многу посериозни обвиненија.

Доколку судството не беше заробено и се работеше според закон, екс-премиерот смета дека судот воопшто немаше да ги прифати обвиненијата на Специјалното обвинителство, но и покрај тоа очекува судиите на крај да донесат одлуки со кои ќе се потврдат неговите тврдења.

,,Вчера судијката одлучи да го продолжи рочиштето до 18.30. Не е проблем за мене, сум работел јас до доцна, но доколку тоа важи за сите. Во овој случај имаме ситуација кога за никој не се останува вон работно време, ниту за најголемите монструми и убијци, но кога сум јас во прашање имаме пролонгирање додека судијката не си ја заврши својата замислена обврска. Истата двојка судии кои вчера направија на некој начин скандал, се оние кои му судат и на Заев и му закажуваа на месец дена. Очигледно е дека судиите имаат добиено политичка агенда и мора да ја исполнуваат,, – вели Груевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1