Павлопулос: Прво промена на името и Уставот, па потоа потпишување договор


Прво треба да се направи промена на Уставот, па потоа да се потпише договор меѓу двете страни, рече претседателот на Грција Прокопис Павлопулос на средбата со неговиот португалски колега Марсело Ребело де Соуза.

Според него, на евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција треба да му претходи уставна промена и потенцираше дека тоа не било грчко барање, туку барање „што се однесува на Европската унија, на европското законодавство и на почитувањето на тоа што генерално значи меѓународно законодавство“.

– Пред да стапи во сила договорот и пред да се комплетира содржината, потребно е да има претходна ревизија на Уставот на нашата соседна земја, на поранешната југословенска Република Македонија, затоа што, ние Европејците што го имаме овој демократски менталитет не можеме да замислиме дека една земја прифаќа, тоа треба да го направи и поради почитување на нејзиното уставно законодавство, не можеме да замислиме дека една земја, доаѓа и потпишува Меѓународен договор, се обврзува меѓународно, прекршувајќи го нејзиниот устав и велејќи: па не е толку важен нашиот Устав, можеме да одиме напред и ќе видиме кога ќе направиме ревизија на нашиот Уста, рече грчкиот претседател, додавајќи дека „како Европејци, го почитуваат самото демократско законодавство во рамките на поранешната југословенска Република Македонија“

Прокопис Павлопулос рече дека името треба да се реши на начин на кој ќе се почитува историјата, меѓународното право и европското законодавство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1