Хорор: Чопор од 50 кучиња скитници убија и изедоа жена на плажа


Чопор од 50 кучиња во селото Пулувила во јужна Индија, убија и до половина изедоа жена на возраст од 65 години, која отишла во тоалетот на плажата. Инцидентот се случил во петокот навечер.mrtvo-telo-kuce

Несреќната жена, подоцна идентификувана како Шилуама (65) околу 21 часот тргнала во тоалетот на плажата, зошто дома немала. Тогаш ја опколил чопор бесни кучиња и набрзо ја растргнал.

Кога го слушнал врискањето на мајката, синот истрчал од куќата и се обидел да ја одбрани мајка си од крволочните ѕверки. Меѓутоа псите тргнале и на него, а за да се спаси скокнал во море.

Тогаш на местото на инцидентот се собрало локалното население кое успеало да ги заплаши кучињата и да ги растера, а жената ја префрлиле во медицинскиот центар.fsgfgfd

Набрзо починала од здобиените повреди.

неколку часа претходно на истата плажа, само на другиот крај чопор кучиња нападнале друга жена.

-Го губиме трпението. Државата на подрешен начин го спроведува законот за забрана на елиминација на кучињата. Колку од нас треба да умрат за тие да го решат проблемот? Зарем луѓето помалку вредат од кучињата? -прашува еден загрижен мештанин.

Од донесувањето на овој закон до крајот на 2015 година во јужна Индија се нападнати над 100.000 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1