И бебе е во карантин во скопскиот хотел


Бебе е во карантин во хотелот „Супер 8“, а попладнево ќе пристигнат целосните наоди од лабораторијата во Хамбург кои ќе покажат дали починатиот Британец Колин Џефри имал ебола, изјави Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести.

Таа потврди дека во карантин во хотелот ќе останат сите 25 лица. Според Костовска, тие се во добра здравствена состојба, а со нив има и лекарска екипа.mavrovka hotel super8

– Од епидемиолошката анализа на овие податоци, може да се заклучи дека е уште помала веројатноста да станува  бор за вирусот ебола. Исто така, во овој извештаен период, добивме потврда од лабораторијата во Хамбург дека материјалот е примен. Пред 1 час, добивме и потврда дека започната е лабораториската анализа на материјалот, а потврдено ни е дека резултатот ќе го имаме денес доцна попладне. Сепак, како што најавивме, сè до добивање на финална потврда од страна на референтната лабораторија во Хамбург, продолжуваме да постапуваме согласно медицинските протоколи.

Сакам да истакнам дека засега во Македонија нема друг сомнителен случај. Лицата кои моментално се наоѓаат во карантин се во добра општа здравствена состојба и не покажуваат никакви симптоми, а особено е важно што меѓу нив нема состојба на паника и покажуваат разбирање за превентивните мерки кои ги презема здравствениот систем. Уште еднаш сакам да повторам дека иако денеска веројатноста дека станува збор за ебола е уште помала, ние се надеваме на најдоброто, но сепак како здравствен систем сме подготвени и за справување со најлошото сценарио – рече Костовска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1