Индијанци против полиција – со стрели ги нападнаа полицајците во Бразил (Видео)


Бразилската полиција мораше да испука солзавец на околу 500 демонстранти кои во протестите против одржувањето на Светското фудбалско првенство користеа лакови и стрели.

475342_brazil-foto-reuters-9_ffСтароседелците, кои моментално сочинуваат 0,3% од популацијата на Бразил и се населени главно околу реката Амазон, ги здружија силите со уште околу 500 незадоволни во една од речиси секојдневните митинзи на улиците на бразилските градови.

Еден од 700-те полицајци кои го чуваа стадионот Мане Гаринча” во Бразилија е погоден со стрела во нога, па мораше да биде опериран. Телевизијата Глобо емитуваше снимка на полициски мотоцикл погоден со стрели.

Како и вообичаено, демонстрантите го осудија прекумерното трошење пари за СП 2014.

“На кого му служи Светското првенство? Нам не”…

475337_brazil-foto-reuters-4_ff

“Јас не го сакам Купот, сакам пари за здравството и образованието”, беа извикувани добро познатите пароли.

Домородците протестираа и против загрозувањето на правата на земјата на нивните претци во полза на белите земјопоседници.

Трошоците за организација на Мундијалот 2014 се проценети на околу 11 милијарди долари, односно осум милијарди евра.

Натпреварувањето ќе се одржи во 12 градови во периодот од 12 јуни до 13 јули.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1