Кое е симболичното значење на коледарскиот оган


Традиционално вечерта пред Бадник, верниците во сите населени места палат бадникарски дрва.

Вечерта спроти Бадник, првите коледари го палат коледарскиот оган и притоа се пеат песни, се игра и се пие греана ракија. На тој начин се „бркаат“ злите духови од земјата. Бадникарскиот оган го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил Исус.badnik ogan

Бадник треба да се помине со молитвено бдеење во храмот и во заедништво.

Изборот е лично право на секој, Божик ќе го најават децата коледарчиња. Божиќ е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1