Месарите имаат трикови – Еве како да препознаете кое е старо а кое свежо месо


Светло црвената боја на месото често може да излаже дека месето е свежо. Но затоа, непријатниот мирис е најдобар показател дека месото не е за употреба.

Ако месото има лигава текстура, тоа веројатно значи дека бактериите започнале да се множат на површината. Но, што е со месото под фолија?

meat_before_after_coНајдобро е да се држите до продавници кадешто обично се наоѓаат свежи производи како што се овошје и зеленчук и свежа риба и месо. Но, ако подолго се задржете во продавница, прво купете ја храната која е спакована, додека свежото месо, јајцата и млекото купете ги последни.

Не купувајте паковано месо ако рокот е близу до истекување. И не паѓајте на црвената боја – некои продавници користат јаглен моноксид за месото да ја задржи црвената боја дури и откако ќе се расипе.

Како да откриете старо месо кое е спаковано?

Интересно е тоа што свинското, пилешкото, говедското мораат да бидат спаковани во стиропор. Под месото се наоѓа подлога која ја впива течноста која излегува од него. Имајте на ум дека премногу течност е показател на староста.

Како тогаш да ја откриете скриената течност? Стиснете го со прсти месото. Ако течноста е под него, ќе се појави по страните.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1