Не е Ебола – а од што умрел странецот ќе се знае по аутопсијата


Британецот што завчера почина во Скопје немал ебола, а причината за смртта ќе се знае по аутопсијата за која се почнати процедури, информира попладнево доктор Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство

Као што рече Костовска, по добиените негативни резултати од лабораторијата во Хамбург, укинат е карантинот во хотелот каде престојувал 58 годишниот пациент и на Клиниката за инфективни болести. Тоа, посочи, значи дека сите лица кои беа во карантин може слободно да ги напуштат објектите, пишува Нова Македонија

ebola hotel 8Директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ, одговарајќи на новинарско прашање рече дека можна причина за смртта на пациентот е инфективно заболување но, како што нагласи, ниту едно од нив не е во категоријата на  карантински заболувања.

На Клиниката за инфективни болести пациентот бил третиран вкупно 45 минути, итно е реагирано при неговиот прием и се преземени сите соодветни мерки, согласно клиничката презентација на истата. Се работи, посочи Миленковиќ, за релативно кратко време и со оглед на покажаните симптоми и клиничката слика кои во тој момент можеа да упатуваат на ебола, пациентот беше со нарушена состојба на свест, асептичен шок, со акутни повраќања, знаци на внатрешно крварење, особено во ситуација на позитивна епидемолошка анкета во тој момент, преземени се сите мерки согласно медицинските протоколи. ebola-500

– Врз основа на нашето повеќегодишно клиничко искуство и работа во терциерна установа која се занимава исклучиво со акутна инфективна патологија, со оглед на спомнатите симптоми, нашата институција демонстрираше висок степен на подготвеност за соочување со вакви ризични случаи, имајќи во предвид дека соочувањето со ебола е предизвик кој зазема глобални размери – наведе Миленковиќ.

Од Клиниката за превенција на заразни болести посочуваат дека секој друг начин на постапување во ваква ситуација е многу опасна и импровизација која што не смее да си ја дозволи ниту еден здравствен систем во светот. Од моментот на отворање на сомнежите за заболување на починатиот британец од ебола во сите активности на различни нивоа и со различна улога биле вклучени над шеесетина луѓе, меѓу кои голем број здравствени работници, доктори, медицински сестри. Ним, Костовска им упати голема благодарност за ангажманот кој бил цело време на висина на задачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1