Нема веќе поминување – Унгарија ја доврши оградата на границата со Србија


Унгарија го доврши поставувањето на оградата од бодликава жица која треба да го спречи неконтролираното влегување на илјадници мигранти кои продираат во оваа земја од Србија, соопшти во саботата навечер унгарското министерство за одбрана.

„Два дена пред истекот на рокот на 31-ви август, завршен е првиот дел од оградата на границата“, се истакнува во соопштението.ograda migranti ungarija

Сепак, оградата од три редови бодликава жица поставени еден на друг долга 175 километри по должината на границата со Србија не ги спречува бегалците да ја пробијат, извести во својата репортажа AFP овие денови.

Оградата метри ќе биде дополнета со дрвена бариера висока четири метри, која веќе започна да ја подигнува унгарската војска, се додава во соопштението на министерството за одбрана.

Инаку за целосно да се заврши овој проект на премиерот Виктор Орбан, а потврден со големо мнозинство во унгарскиот парламент на 6-ти јуни, ќе бидат потребни уште неколку месеци.

На поставувањето на оградите против бегалците, какови што Грција, Бугарија и Шпанија веќе имаат на надворешните граници на Европската унија, се спротиставува Србија, којашто претендира да влезе во ЕУ. Меѓутоа, граничните премини кон неа за бегалците ќе останат отворени од унгарска страна, а ќе бидат одредени неколку премини кои ќе служат токму за таа намена.

Унгарија последните две седмици стана една од главните транзитни земји од ЕУ за бегалците и мигрантите кои сакаат да дојдат до Австрија и Унгарија. Повеќето од нив доаѓаат од Ирак, Авганистан, Сирија и од Косово.

Околу 140.000 луѓе, од кои најголем дел бегаат од воените зони на Блискиот исток, се сослушани од полицијата на споменатата јужна унгарска граница од почетокот на 2015 година, и 10.000 само во текот на оваа седмица.

Во моментов од унгарската страна на границата со Србија се распоредени илјада припадници на пограничната полиција, а уште две илјади ќе бидат оперативни од 1-ви септември, објави во саботата владата во Будимпешта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1