ОФИЦИЈАЛНО: Берлускони за 740 милиони евра го продаде Милан


По 31 година на чело на Милан, контроверзниот италијански бизнисмен, Силвио Берлускони го предаде клубот во рацете на кинески конзорциум на чело со Јингхонг Ли.

Преговорите за оваа продажба траеја долг период и се чинеше дека истите веќе пропаднаа, откако неколку инвеститори го откажаа својот влог, но на крај Ли и Берлускони најдоа заеднички јазик. Се претпоставува дека сумата која ке ја добие поранешниот прв човек на „росонерите“ е неверојатни 740 милиони евра.berluskoni-milan

-Комплетирана е продажбата на акциите на Милан на „Rossoneri Sport Investment Lux“, групација што сега поседува 99.93% од вкупната сопственост на клубот. Со денешната финализација на договорот дефинитивно се комплетира преземањето на клубот, по разговорите водени меѓу двете страни подолго време, првичниот договор потпишан на 15 август 2016. Севкупната проценка на клубот изнесува 740 милиони евра, вклучувајќи го тука и долгот во висина од 220 милиони евра. Купувачите уште еднаш потенцираа дека главна цел им е финансиски да го засилат Милан и со значителни инвестиции да го приближат клубот кон врвот на италијанскиот и европскиот фудбал – се вели во соопштението.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1