Ова мало ангелче се разбуди од кома неколку моменти пред да го исклучат од апаратот


Брачна двојка од Франција преживеала пекол за да се избори за тоа нивната ќерка да добие шанса за живот.

На едногодишната Марва во септември и било толку лошо што таткото Мухемад Букенафа морал да ја одведе во болница во Марсеј. Нервниот систем на девојчето бил нападнат од вирус и лекарите морале да ја стават во вештачка кома од која не се разбудила два месеци. Прогнозите биле многу лоши, поради што лекарите сакале да ја исклучат од апаратите. Родителите не биле подготвени да се согласат на тоа бидејќи биле убедени дека детето ќе им се разбуди. Поради тоа одлучија по судски пат да се борат за нејзинот оддржување во живот а на платформата chage.org собрале 124 илјади потписи.133469761-91531

– Кога ќе го чуе мојот глас, се помрднува, изјави тогаш Букенафа за француските медиуми.

– Изминатиот месец дојде до подобрување, но лекарите велат дека тоа се само рефлекси. Не мислам дека треба да биде осудена на смрт. Треба да и се пружи можност. Не можам да го пуштам својот ангел да замине, зборуваше очајниот татко.

Родителите на судот се изборија за правото Марва да остане приклучена на апарати за одржување во живот уште два месеци. А потоа се случи чудо. Десет дена после пресудата девојчето се разбуди од кома откако ги слушна гласовите на родителите. Ги отворила очите и им се насмевнало. Букенафа го снимил тој момент и ја постави снимката на Фејсбук.

За жал Марва е уште во критична состојба и не се знае дали некогаш ќе може да дише и јаде без туѓа помош. Сепак, родителите се надеваат дека сега кога се разбуди, храбро ќе се избори да се врати во живот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1