Пациентка со туларемија завршила на КАРИЛ – Лекарите едвај ја спасиле


Лекари од скопските клиники едвај спасиле пациентка заразена со туларемија. Жената која била од село во Источна Македонија, на почетокот била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Како што дознава zdravstvo24.mk, поради отокот на вратот ја препратиле на Уво, нос и грло, пренесува Здравство24BOLNICA

Истата била дијабетичар и алергична на многу антибиотици. Била поставена на соодветна терапија, но и покрај тоа состојбата и се влошувала и имала тешкотии со дишењето. Поради неопходноста од апарат за дишење, пациентката завршила на КАРИЛ. Минатиот викенд лекарски тим од Клиниката за уво, нос и грло и направиле трахеотомија, односно вештачки отвор на вратот со дишникот. Според информациите на zdravstvo24.mk, пациентката сега е во добра здравствена состојба. Ова покажува дека заразата што ја шират глувците и стаорците може да биде и животозагрозувачка.

По 9-те потврдени случаи на туларемија во Институтот за јавно здравје, сомнителни се уште 5. Истите се од подрачјето на Каратманово и Лозово каде беа откриени последните случаи. Ова го потврдуваат епидемиолозите кои денеска беа на терен во овие две села. Засега велат дека не може да потврдат кој е изворот на заразата. Но она што го констатирале на терен е дека има многу пропусти во водоснабдувањето. Земале брисеви и од водата, а резултатите ги очекуваат во среда. Меѓу заболените има од сите возрасти – најмладата пациентка е само 19, најстариот 73 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1