По 36 години: Пристигнува „суперкрвава сина месечина“


Реткиот астрномски феномен „суперкрававата сина Месечина“, по цели 36 години ќе може да се види од Земјата по два дена.

Настанот предизвикува големо возбудување, бидејќи на 31-ви јануари ќе се спојат три необични лунарни појави: супер-Месечината, сината Месечина и целосното помрачување на Месечината.

За жал, Европа па така и Македонија, не се меѓу местата од кои овој редок астрономски настан ќе биде видлив. Во него ќе може да уживаат жителите на Северна Америка, Азија, на Блискиот исток, во Русија и во Австралија.

Сината Месечина е втората полна Месечина во еден календарски период. Појавата типично се јавува на секои две години и осум месеци.

Супер-Месечината се јавува кога Месечината е најблиску до Земјата во својата орбита. Во таа точка, наречена перигеј, Месечината изгледа 14 отсто поголема и 30 отсто посјајна.

Овие два феномена не се толку ретки, но во комбинација со истовремено помрачување на Месечината не се случиле веќе 36 години.

Во текот на помрачувањето Месечината ќе се лизне во сенката на Земјата и белиот диск постепено ќе се претвори во портокалов или црвен. Така „сината“ Месечина ќе стане „крвава“.

Израмувањето на Сонцето, Месечината и Земјата ќе трае еден час и 16 минути. Во западниот дел на САД и Канада ќе биде видливо пред мугрите, а на Блискиот исток, во источна Русија, во Австралија и на Нов Зеланд навечер, кога Месечината изгрева. Наспроти помрачувањето на Сонцето, месечевото помрачување може да се набљудува со голо око.

„Ова е редок астрномски триплет. Имаше многу супер-Месечини и помрачувања на Месечината, но ретко тоа се случува во текот на сината Месечина. Израмнувањето на овие три циклуса, тоа е чудо коешто треба да се погледне“, вели уредникот на магазинот Sky and Telescop, Кели Бити, професор по физика и астрономија на универзитетот во Дејтона Бич.

Ваков феномен последен пат е регистриран на 30-ти декември 1982 година, и тогаш беше видлив од Европа, Африка и западна Азија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1