Погледнете со што Русија моментално ја уништува Исламската држава


Руското небесно оружје – ловецот-бомбардер Сухои Су-34 е задолжен за воздушните напади на Русија против цели на Исламската држава на територијата на Сирија.

Неговото развивање започна кон крајот на Студената војна, а Су-34 требаше да го замени застарениот Су-24 авион. Сега, за прв пат Су-34 е испратен на операции надвор од територијата на Русија.rusija avion

Су-34 е опремен со Р-73 проектили од краток домет за блиска борба, но истовремено може да носи и проектили со голем домет и радарски наведувани проектили воздух-воздух Р-77 и РВВ-АЕ.

Но, за извршување на главните операци во Сирија, Су-34 е опремен со голем број на проектили воздух-земја вклучувајќи ги Кх-59МЕ, Кх-31П, Кх-29Т, Кх-29Л и С-25ЛД, ракети на наведување кои можат да погодат мети на земја и вода. Су-34 исто така е опремен и со Ленинец Б-004 радар кој е оптимизран за операции воздух-земја, а тој систем овозможува авионот да нанишани на оддалеченост од 100 километри.

Поради големите резервоари за гориво, како и опремата за полнење на гориво во лет, Су-34 може да остане во воздух со часови, а неговиот борбен радиус изнесува над илјада километри.

Станува збор за навистина голем борбен авион во кој пилотите седат еден покрај друг, а неговата борбена носивост изнесува осум тони. Сето тоа бара доста коњски сили, па Су-34 користи Сатурн АЛ-31Ф turbofan мотор со 12,474 килограми потисок.

Покрај Су-34, Русија за бомбардирање на Исламската држава ги користи и борбените авиони Су-25 и Су-39СМ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1