Попладне очекувајте дожд и силен ветер


Врнежи од дожд кои наместа ќе достигнат над 20 литри на метар квадратен и ветер од јужен правец со брзина над 80 километри, најавуваат за денеска во попладневните часови од УХМР.dozd

Наместа, како што посочуваат, ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и ретки грмежи. На планините кон крајот на денот врнежите ќе преминат во снег.

Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.

Во наредните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. На повеќе места ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 0 до 8 степени, а максималната од 8 до 19 степени во вторник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1