ПОТРЕСНИ СВЕДОШТВА: Ова се луѓето за кои се сметало дека биле убиени, а подоцна биле пронајдени живи


Се работи за луѓе за кои се верувало дека во минатото исчезнале и биле пронајдени мртви, а како резултат на тоа дури и биле осудени други невини луѓе.ubistvo uvid

Се вратила после 12 години

Кинескињата Зхоу Женсхаге (48) исчезнала во 1997 година по кратката караница со својот сосед, полицијата се посомневала во соседот и таа го притворила под сомнение дека ја убил Зхоу во 1999 година, откако истата година е пронајдено телото на жената. Кинескињата се вратила дома по цели 12 години, додека нејзиниот сосед бил пуштен од затвор. Тој вината за убиството ја признал како што вели бидејќи бил измачуван од страна на полицијата за дело кое никогаш не го сторил. Тој добил оштета од државата во висина од 45.000 долари за направената нивна грешка.

Заклучен случај

Катарина Дуер е жената која исчезнала во 1954-та година од една куќа во која имала изнајмено соба, многу набрзо полицијата пронашла женско мртво тело за кое се сомневале дека се работи за исчезнатата Дуер.

Во 2004-та година откако надлежните побарале повторно да се отвори случајот, тие успеале да ја пронајдат Катарина во 2009-та година кога таа имала 84 години и живеела во Австралија. Тајната зашто исчезнала таа останува мистерија до ден денес.ubistvo1-640x360

Телото кое го пронашле во вода

Едно мртво тело е пронајдено во 1994-та година во кинескиот град Јингшан, откако телото го извлекле од водата надлежните веднаш се посомневале во сопругот на жената која е пронајдена мртва, а претходно ја пријавил за исчезната. Дел од семејството се сомневале дека се работи за нивната блиска роднина, додека дел тврделе дека е таа убиената жена. ДНК анализа семејството не направило бидејќи немало пари и нејзиниот сопруг бил осуден. Неговата сопруга се појавила жива и здрава по цели десет години.

Жртвата се појавила за време на судењето

Леонард Џон Фрасиер бил осуден на доживотен затвор под сомнение дека силувал и убил девет годишно девојче, а во меѓувреме се товарел уште за три убиства. Тој исто така бил осуден и за убиството на австралијанката Наташа Руан (14), но обвинението било отфрлено откако жртвата се појавила жива и здрава за време на судењето. Девојчето било пронајдено во куќата на нејзиното постаро момче каде што се криела од своето семејство.

ubistvo1

Невин го осудиле на смрт

Откако полицијата утврдила дека исчезнала една кинескиња, нејзиното раскасапено тело било пронајдено во една локална река, а за осомничен бил посочен локалниот месар. Цели 15 години откако тој е осуден, жената е пронајдена жива и била фатена под сомнение дека криумчарела дрога. Но сепак локалниот месар бил осуден на смрт во 1989-та година.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1