Протест против геј парада во Скопје


На социјалните мрежи група под името „Еден татко, една мајка“ организира и повикува на протести против идејата за геј-парада во Скопје кои треба да се одржат денеска со почеток во 14 часот пред Соборен храм „Св. Климент Охридски“.

anti gejНастанот е најавен на социјалните мрежи и веќе брои над 500 луѓе кои одлучиле да присуствуваат.

„Не смееме да дозволиме во нашево Скопје, во нашата МАКЕДОНИЈА да се шета кортео од гејови и лезбејки. Во ниеден случај не треба да дозволиме тие бесрамно да искочат и грозоморно да се допираат, бакнуваат и да прават други гадни работи пред очите на нас верниците, пред очите на малите деца, пред очите на старите пензионери кој мислат дека оставиле зрела иднина позади себе.

Ако сакаме да бидеме модерна земја, примена во ЕУ и НАТО не значи дека треба да одиме против верата и против природата“, стои во повикот.

Предвидено е демонстрантите од Соборен храм во 15 часот да тргнат кон Собранието, а потоа кон Плоштад Македонија.

anti gej

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1