Проверката на афлатоксини во млекото стана задолжителна


Од понеделникот ниту еден литар домашно млеко не може да отиде во продажба ако нема доказ дека во него нема присуство на афлатоксин – пишува „Дневник“. Агенцијата за храна и ветеринарство го менува Правилникот за производство на млеко и млечни производи кој за кусо време ќе биде објавен во „Службен весник“.

Mleko_spadlo_proc_3131111Во нашата Агенција за храна велат дека потрошувачите не треба да престанат со купување млеко бидејќи сите количества што се продаваат се безбедни за употреба.

– Kонечните резултати од испитувањата на земените мостри на увозно и домашно млеко ќе се знаат до крајот на денешниот ден, евентуално во недела наутро. Дотогаш сите увозни пратки ќе се чуваат во магацините – вели Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тој потврди дека ќе има измени на Правилникот за млеко и дека покрај досегашните анализи за млекото ќе биде задолжително млекарниците да прават и дополнителна за присуство на афлатоксин, пишува весникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1