Прозборе жената која била на насипот кога е убиена Јелена


Насипот во Борча каде беше убиена Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, стана место кое се избегнува, иако претходно било полно со луѓе од сите генерации.

Некогаш секојдневните минувачи денес го избегнуваат местото, а како што пишува Еспресо.рс, разговарале со постара госпоѓа на насипот која кобниот ден била таму.

Таа на полицијата веќе еднаш и раскажала што видела тој ден.

– Ги водив Зоран и Владимир кај рампата, јас тука шетав, не можам со сигурност да тврдам кој од нив двајца но едниот рече, Јана дојди ваму, на детето. Не ја забележав Јелена, немаше црна девојка на насипот. Не видов што се случи, но двајцата беа таму, вели таа.

Вели дека Јелена не ја видела да трча на насипот, иако секој ден проаѓа таму, и поминува голем дел од времето, а од друга страна Зоран кој е единствен осомничен тврди дека таа секој ден трчала таму.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1