Пукање во Чаир – рането момче


Скопската полиција извести дека вчера околу 15.30 часот засега непознат возач на „шкода“ им го пресекол патот на две момчиња и пукал во возилото со кое тие се возеле.

cair deca

Во инцидентот бил повреден 23-годишниот А.И. од Скопје кој имал прострелна рана во десната нога.

Настанот според МВР, се случил на улицата Џон Кенеди во Чаир. По настанот истражни органи започнале увид, пронајдени се осум чаури, а полицијата започнала потрага по сторителот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1