Радиоактивен облак се надвил над Европа: Институтите за нуклеарна безбедност се сомневаат во Русија


Радиоактивниот облак над Европа минативе недели навестува дека дошло до несреќа во нуклеарен објект во Русија или Казахстан кон крајот на септември, соопштил денес Францускиот институт за нуклеарна безбедност “IRSN”.

“IRSN” ја исклучил можноста несреќата да се случила во нуклеарен реактор, наведувајќи дека веројатно станува збор за објект за третман на нуклеарно гориво или центар за радиоактивна медицина.

Институтот нагласува дека не дошло до влијание врз човековото здравје или окружение во Европа, пренесува Reuters.

“IRSN” во соопштението наведува дека не можел точно да ја одреди локацијата на ослободувањето на радиоактивен материјал, но дека, на основа на метеоролошките податоци, најверојатно се работи за област јужно од планината Урал, меѓу Урал и Волга.

Податоците, додава институтот, укажуваат на Русија или Казахстан.

“Руските власти рекоа дека не се известени дека дошло до несреќа на нивна територија”, рекол директорот на “IRSN”, Жан Марк Перес. Тој додал дека институтот уште не стапил во контакт со казахстанските власти.

Перес рекол дека минатите седмици “IRSN” и другите институти за нуклеарна безбедност во Европа измериле високо ниво рутениум 106, радиоактивен нуклид кој настанува со делење на атоми во нуклеарниот реактор.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1