Русите во хистерија, собираат залихи за крај на светот


 

Русите се во масовна хистерија поради 21 декември, денот, кој според календарот на Маите, би требало да претставува крај на светот.

Илјадници луѓе веќе собираат огромни залихи на храна и гориво, опрема за преживување, а голем број од нив се селат надвор од градовите. Оние кои планираат да се забавуваат за време на судниот ден, си резервираат места по кафичите и клубовите, но и „туристички карти, до рајот или пеколот“.
Според едно од популарните сценарија во Русија, 21 декември Сонцето ќе се најде во центарот на нашата галаксија, Млечниот пат, што ќе предизвика целосно замрачување на Земјата и бран на различни природни катастрофи.

Така, тие очекуваат до крајот на светот, до кога има само уште три недели, и само уште една плата за земање, што побрзо да се подготват, а во последно време истите се во забрзана фаза.


Според наводите на „Russia Today“, илјадници луѓе во Русија, но и во соседните земји товарат храна, гориво, и други материјали по шпајзовите, и балконите, во случај да им притребаат. Поединци дури и се селат надвор од градовите поради ширењето на гласините дека во урабите места, нема да биде возможно да се преживее апокалипсата.
Од ваквиот страв голем број на руски и украински трговици, и хотелиери, и туристички агенции се решиле добро да заработат. Поточно во продавниците особено во Сибир, се продаваат опрема за преживување.

Тие содржат, лични документи, конзервирани риби, супи, шишиња со вотка, јажиња, шампони, сапуни, кондоми, ножиња и др. Украинските продавачи, отишле и чекор понапред, па нуделе и комплети за дамите и господата кои се разликуваат според видот на алкохол.


За поубавата половина е наменет шампањ, а за мажите вотка.
Една украинска туристичка агенција продава тури до рајот и пеколот на денот на апокалипската 21 декември.

Тур-операторот ветува дека ќе го отплати целиот износ, во случај додека сте на пат, да не го доживеете рајот односно пеколот. Патот до рајот чини 15 долари, додека оној за пеколот е нешто поскап 18 долари.
Руските агенции имаат аранжма за спас од светот во чамци, а местото во нив чини, од 2600 до 5000 долари.
За оние кои не го сваќаат сериозно овој ден, баровите и клубовите нудат различна вид на забава. Во понудата е и коктел направен од најсилниот алкохол, кој гарантира дека конзументите ќе ги почуствуваат сите детали од нивниот живот.

Пуштена е и телефонска линија за помош на граѓаните
Поради хистеријата, руските официјални луѓе морале да издадат соопштение дека во блиска иднина нема да се случи никаква глобална катастрофа. Министерството за вонредни ситуации, дури и отворило телефонска линија на која ќе се може да се повикаат сите оние кои имаат недоумици во врска со 21 декември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1