Се создава нов светски поредок: Оваа земја ќе ја замени Америка како главна сила…


Предводена од претседателот Си Џинпинг, Кина мирно се подготвува за превземање на глобалното водство од економијата па се до климатските промени, пишува британски „Ројтерс“.

Само неколку дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп, кинескиот претседател одржа воведен говор на Светскиот економски форум во Давос каде што отворено ја бранеше глобализацијата и ја нагласи желбата на Пекинг да превземе поголема улога на светската сцена.Kina

Дури и кога станува збор за чувствително прашање како што е Јужното кинеско море, Пекинг не ја загриза мамката на Белата куќа која што оваа седмица говореше за „одбрана на меѓународните територии“ во тоа подрачје. Наместо тоа, Кинезите ја нагласија својата желба за мир и смирено го повикаа Вашингтон да внимава што зборува.

„Вие ја имате „Америка на првото место“, а ние ја имаме заедницата на заедничката судбина на човештвото“, изјави пензионираниот кинески генерал Луо Џуан на својот блог.

„Вие имате затворена земја, а ние имаме еден појас – еден пат“, порача тој, јасно алудирајќи на кинескиот проект за новиот пат на свилата.

И додека кинеските власти истакнуваат дека Кина нема намера да ја превземе традиционалната американска улога на светски лидер, висок кинески дипломат изјави оваа седмица дека токму тоа може да ѝ биде наметнато на Кина во иднина.kina japan vojna

„Ако некој рече дека Кина ја има водечката улога во светот, би рекол дека Кина не е таа која што „се тепа“ да биде прва, туку останатите лидери се повлекле и ѝ го препуштиле тоа место“, изјави Жанг Јун, главен директор на Одделението за меѓународна економија при кинеското Министерство за надворешни работи.

Таквото размислување оваа седмица го потврди одлуката на Доналд Трамп да одстапи од Транспацифичкото партнерство (ТПП), оддалечувајќи ја Америка од азиските сојузници. Неколку земји кои што останаа при тој договор најавија дека сега ќе се обидат да ја вклучат Кина и со Кинезите да се обидат да склопат договори за слободна трговија.

Меѓународната конференција за „Едниот појас, едниот пат“ која што Кина ја организира во мај оваа година е нова прилика Пекинг да го покаже своето лидерство во развојот на глобалната инфраструктура.

Второто подрачје каде што Кинезите сакаат да бидат предводници се климатските промени. Трамп досега ги отфрлаше климатските промени и тврдеше дека станува збор за измама и се закануваше дека САД ќе се повлече од Парискиот договор за климатските услови.

Во првата службена реакција на превземањето на Трамп на власта во САД, кинескиот министер за надворешни работи порача дека неговата администрација ќе мора да ја сфати важноста на начелото „една Кина“, која што Трамп ја доведе во прашање, а по која Вашингтон го признава кинескиот суверенитет над Тајван.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1