Шешељ стигна во Србија – пречекан со трубачи (Видео)


Лидерот на Српската радикална странка на Србија Војислав Шешељ се врати денеска во Белград по 12 години поминати во Хаг. Шешељ е пуштен на привремена слобода поради лошата здравствена состојба. seselj 1 На аеродромот во Белград беше пречекан од неговите поддржувачи, кои го дочекаа со песната  „Спремте се, спремте четници“. seselj22 -Ме чека стол во партијата. Одма се фрлам на политиката. Се радувам и со нетрпение го чекав овој миг. Политиката ми е приоритет, па потоа ќе одам на лекување. Имам две метастази, но не е толку лошо колку што мислите, изјавил лидерот на Српската радикална партија. Очигледно е дека Шешељ не размислува дека може да има проблеми со Хашкиот суд кој му го забрани политичкото делување на лидерот на Српската радикална партија и тоа како еден од условите за слобода.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1