Соња Тарчуловска: Одам во Германија да го видам и земам Јохан


Фолкерката Соња Тарчуловска денеска заминува за Германија во посета на сопругот Јохан, кој најверојатно за дваесетина дена, по цели 8 години поминати во затвор, прво во Шевенинген во Хаг, па потоа во Германија, конечно ќе биде пуштен на слобода и ќе се врати дома.

johan i sonjaДенеска заминувам за Германија да го видам Јохан. Се надевам дека назад во Македонија ќе се вратиме заедно. Време е конечно моето семејство пак да биде целосноо, вели Соња, која периодов е повторно музички активна.

Фолкерката завчера снимаше и спот за песна којашто е посветена за Јохан, а која ќе биде изненадување за него. Имено, стиховите се инспирирани токму од нивната приказна и сите тешки моменти кои нивното семејство ги преживеа.

Соња во песната пее за сите непроспиени ноќи и изгубени детски мечти на нивните Мелани и Младен кои после цели осум години ќе имаат можност да ја почувствуваат во целост татковата прегратка.

Соња заедно со Јохан во Скопје би требало да се врати кон средината на март.

Извор – Вечер/ Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1