Страшни снимки по земјотресот во Италија (Видео)


Утрово серија од три силни земјотреси ја потресоа централна Италија, со интензитет од 5,4 степени по Рихтеровата скала.Screenshot_7
Првиот земјотрес со интензитет од 5,4 степени по Рихтер се случил во 10:25 часот, по локално време, вториот во 11:14 часот, со интензитет, меѓу 5,6 и 5,7 степени и третиот силен земјотрес со интензитет од околу 5,5 степени бил регистриран во 11:26 часот, по локално време.
Епицентарот на сите три земјотреси бил  на 110 километри североисточно од Рим и на длабочина од 40 километри во зоната помеѓу општините Риети и Аквила.
Од безбедносни причини во Рим, каде што беа почувствувани потресите, беа евакуирани патниците од метрото и училиштата.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1