Телото најдено во шахта е на избеган затвореник од Идризово


По цели 5 месеци идентификуван машкиот труп кој беше најден во шахта во Ново Лисиче. Се работи за 48 годишниот Томислав, кој бил затвореник во Идризово и кого полицијата го водеше како бегалец.

Полицијата на 13 март пронајде тело во шахта во ревизионата станица за отпадна вода од АД „Охис“ покрај реката Вардар во Горно Лисиче. Телото било најдено на дното на длабоката шахта. Полицијата цели 5 месеци се обидувала да ја решат мистеријата: кој е загинатиот човек?

Врз телото била извршена обдукцијата, но откако неможеле да го утврдат идентитетот, телото останало во Институтот за судска медицина. Обдукцијата покажала дека врз телото немало знаци на насилство, а причина за смртта е пад од височина.

Цели 5 месеци по пронаоѓањето телото вчера било идентификувано од братот на починатиот.

Томислав издржувал 10 годишна казна затвор за убиство. Му останувале уште 1 година и 7 месеци. Бил на викенд, но на 8 март не се вратил во затворот по што по него била распишана потерница.

Бил осуден за убиство извршено во 2004-та во населбата Кисела Вода во Скопје. Поради меѓусебни расправии, ја убил соседката со нож.
Затворот Идризово распиша потерница по него како бегалец, 5 дена пред да го најдат неговото тело.

Share Button

Tags: , , , , , ,

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1