ТРАГЕДИЈА: Млад Македонец загина во Грција (ФОТО)


На само 5 километри пред грчко-македонскиот граничен премин, на автопатот Солун – Гевгелија, вчера се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина едно лице, македонски државјанин.

фото - мкд.мк

фото – мкд.мк

Во сообраќајката загина возачот (29) на возилото „шкода суперб“ со скопски регистарски ознаки, кој најверојатно ја изгубил контролата над возилото и удрил во дрворедот покрај автопатот. Според сведоци на оваа сообраќајна несреќа, во возилото биле сопругата на возачот, која била бремена, едно двегодишно дете и уште една повозрасна жена. Грчката полиција неколку часа вршеше увид на местото на несреќата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1