Трамп објави писмо од Путин


Тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска објави писмо од рускиот претседател Владимир Путин упатено до Трамп.tramp-putin

Писмото, што било испратено минатата недела се однесува на билатералната соработка меѓу Вашингтон и Москва како и за новото ниво на американско-руските односи.

Во писмото се укажува дека сериозните глобални и регионални предизвици покажуваат оти „односите на Русија и САД се важен фактор во обезбедувањето на стабилноста и безбедноста во современиот свет“.

– Се надевам дека ќе можеме – делувајќи на конструктивен и прагматичен начин, да преземеме вистински чекори за обновувањето во рамките на билатералната соработка во различни области, како и да го подигнеме нивото на соработка на меѓународната сцена на квалитативно ново ниво, напишал Путин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1